Меѓународната операција „Меќава”, чија цел е борба против нелегалната трговија со рептили координирана од Европол и Интерпол, резултираше со стотици заплени, како и 12 апсења во Европската Унија.
Од Европската полициска служба Европол рекоа дека во операцијата која траела од 12 април до 22 мај биле одземени живи диви животни, како и врвни модни производи, а 12 лица биле уапсени, шест во Италија и шест во Шпанија.
Во операцијата „Меќава” се запленети 4.419 живи животни, вклучувајќи 2.703 желки, 1059 змии, 512 гуштери, како и 20 крокодили и алигатори.
Според Европол, активностите беа насочени кон патници, комерцијален товар, како и продавници на животни.
Се вели дека илјадници животни биле спасени од тоа да станат паричници, заплениле речиси 1.500 живи змии и гуштери.
Властите заплениле 152 чанти, паричници, лекови и препарати направени од рептили.



