Авион на индиската армија исчезна во близина на кинеската граница

Авион АН-32 на индиското воено воздухопловство (ИАФ) со 13 лица исчезна по полетувањето од Јорхат, во 12:25 часот по локално време на пат кон воената база Мечука Адванс, соопшти официјален претставник на ИАФ.

Авионот последен пат контактирал со копнените агенции во 13:00 часот. Оттогаш не е воспоставен никаков контакт со авионот.

Осум членови на екипажот и пет патнициво авионот, соопштија индиските воздухопловни сили, додавајќи дека сите расположливи ресурси се употребени за да се идентификува локацијата на исчезнатиот авион.

„Бидејќи воздухопловот не стигна до аеродромот, беше иницирана акција”, според претставникот на ИАФ.

Мечука се наоѓа по границата на Индија и Кина. Тоа беше важна стратешка локација за време на Индо-кинеската војна во 1962 година.

Треба да знаете
Последни објави