Германска историчарка го измислила своето еврејско потекло, ги лажела медиумите со години

Германската историчарка Мари Софи Хингст, позната по својот блог за членовите на нејзиното семејство кои биле убиени во Холокаустот, е фатена во лага. Ова, исто така, ги стави во тешка ситуација медиумите кои ги објавиле нејзините други „лични приказни”,пишува РТ.

Хингст, која живее во Даблин, се прослави со своите приказни за нејзините наводни еврејски предци, кои трагично загинале во времето на Холокаустот објавени на нејзиниот блог Read on my dear, read on (сега деактивиран), што таа го почнала во 2013 година во Даблин. Блогот вклучуваше извештаи за нејзиниот дедо, за кој тврдела дека бил убиен во Аушвиц.

Нејзините приказни не останале незабележани, па во одреден момент нејзиниот блог достигнал неверојатни 240.000 читатели, а таа била прогласена за блогер на годината и наградена од здружението „Златни блогери“, групата која ја доделува една од најголемите награди за германските инлфуенсери на социјалните мрежи.

Сепак, нејзините приказни се покажаа како целосно измислени, како што демонстрира група архивари од германскиот град Штралсунд. Хингст го споменала Штралсунд како роден град на нејзиното семејство – и со право. Граѓанските архивари, кои биле предупредени од друг германски историчар за неточностите во постовите на нејзиниот блог, дознале дека нејзиниот дедо никогаш не бил испратен во Аушвиц и дека воопшто не бил Евреин.

Тој бил протестантски свештеник, а неговата сопруга бил стоматолог и следбеник на протестантизмот, пишува „Шпигел“, кој беше првиот што ја обелодени приказната. Всушност, ниту еден од роднините на Хигст не бил жртва на Холокаустот.

Оваа ситуација изгледа уште побизарно во светло на фактот што Хингст, која сега е во проблеми поради своите лажни приказни, не само што успеала да ја убеди својата голема публика за постоењето 22 измислени еврејски роднини, туку ги измамила и израелскиот Меморијаен центар на холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалимкој ги ставил нејзините „роднини” во своите официјални списоци за сеќавање испраќајќи им лажни сведоштва.

Сега, германското Министерство за надворешни работи мораше да го алармира центарот за неодамнешните откритија поврзани со Хингст.

Но се чини дека таа не гледа проблем во нејзината долгогодишна измама. Хигст изјавила за „Шпигел“ преку својот адвокат дека нејзините записи на блогот се напишани со значителен степен на уметничка слобода. Таа, исто така, објаснила дека не го сторила тоа заради слава, туку, наводно, за да се избори против тешката депресија.

„Ова е литература, а не новинарство или историографија,” вели Хингст.

Треба да знаете
Последни објави