На дочекот на фудбалерите на Ливерпул ладнокрвно убиен навивач

Ливерпул ја освои Лигата на шампионите со победата над Тотенхем во саботата (2:0). Уште во неделата, автобусот со гордите играчи на Ливерпул се пробиваше низ толпата навивачи на клубот, но идиличната атмосфера ја наруши еден ужасен настан.

Британецот Еванс О’Рурк (33) беше избоден пред еден паб. Брзо беше однесен во болницата Ројал Ливерпул универзити, но набргу потоа им подлегна на повредите. О’Рурк остави зад себе две деца, а неговото семејство и пријатели сè уште се во шок. Еванс беше голем навивач на Ливерпул.

На полицајците им беше тешко да ги пронајдат сторителите во тој метеж, но две лица веќе се приведени на испитување поради сомневање дека го извршиле овој монструозен чин.

Мотивот за убиството е непознат, но од полицијата велат дека осомничените ја знаеле жртвата од порано и дека убиството можеби не е директно поврзано со натпреварот или прославата на улиците на Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави