Времето денеска ќе биде променливо облачно од претпладне со локален дежд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град. Намалена нестабилност ќе има на западот. Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималните од 18 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно претпладне со повремен дожд, а од пладневните часови нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 22 степени.
Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот, па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.