ОН: Алармантно загадување во големите градови во Западен Балкан

Луѓето во сите поголеми градови во Западен Балкан се соочуваат со алармантно ниво на загадување на воздухот, кое го намалува очекуваниот животен век, се наведува во извештај на ОН.

Во денеска објавениот Извештај на Програмата за заштита на животната средина на ОН, се посочува дека „неразвиениот и политички кревок” регион во голема мерка се потпира на согорувања масло за производство на енергија.

Извештајот е изработен врз основа на податоци од 18 градови и подготвен во координација со Светската здравствена организација и институциите за проценка на квалитетот на воздухот од Србија, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија.

Во него се наведува дека луѓето во регионот се „изложени на една од најголемите концентрации на загадување на воздухот во Европа, која е и до петпати поголема од националните и ЕУ насоките”.

Треба да знаете
Последни објави