Ученици од „Јахја Кемал” освоија медали на меѓународен натпревар во Букурешт

На меѓународниот натпревар „InfoMatrix 2019″ што се одржа во Букурешт, ученици од приватното основно и средно училиште „Јахја Кемал” освоија три златни, осум сребрени и две бронзени медали. Покрај медалите, учениците беа наградени и со пет пофалници.

Наградите ги добија во конкуренција со 785 ученици од 36 држави кои се претставија со 347 проекти.

Учениците беа наградени во девет категории – програмирање, компјутерска уметност, хардверска контрола, лего сумо, краток филм, мини сумо, лавиринт, следење на линија и беспилотно летало.

Треба да знаете
Последни објави