Џереми Хант: Нема да попречувам екстрадиција на Асанж

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, кој се бори да стане премиер, вели дека нема да ја попречи евентуалната екстрадиција на Асанж во САД, пренесува РТ. Обвиненијата против основачот на „Викиликс“ носат 175 години затвор.

Вашингтон сака на Асанж да му се суди според Актот за шпионажа за неговата улога во објавувањето доверливи документи објавени од страна на дојавувачот Челзи Менинг, кои, меѓу другото, го открија високиот број цивилни жртви од американските воздушни напади.

„Ние ќе мора да ги следиме нашите правни процеси исто како што САД мораат да ги следат сопствените правни процеси. Но, дали би спречил Џулијан Асанж да се соочи со правдата? Не, јас не би го сторил тоа”, изјави Хант за „Фејс оф д нејшн“.

„Бидејќи Асанж е некој за кој се тврди дека извршил многу тешки злосторства”, додаде Хант, „апсолутно е правилно тој да се соочи со правдата”.

Хант, исто така, рече дека „злосторствата” на Асанж се наводно довеле до смрт на луѓе, но не е јасно што точно мислеше со тоа. За време на судењето на Манинг, иследниците не утврдиле дали објавувањето на доверлиците документи, всушност, резултирало со било какви смртни случаи или доведување во ризик на нечии животи.

Треба да знаете
Последни објави