Жално е кога група на навивачи, кои и на прославата на победата на својот тим, ја искористи можноста да ги понижува Албанците и промовира меѓуетничка омраза. Односот на Комитите покажува примитивен менталитет и е бесмислен, бидејќи наместо да се радуваат на победата на нивниот тим, ги навредуваат Албанците!
Овој феномен многу често се случува, како во случај на загуба па така и на победа, со години наназад. Многу често невини Албанци биле жртви на оваа група на навивачи, а малтретирањето отишло и до уништување на нивните имоти, и за чудо, досега, никој нема одговорено.
Овој однос на Комитите веќе стана навика и тоа поради фактот дека наместо да одговараат и бидат казнувани, ова група на навивачи ниту се осудени, а донекаде и охрабрувани.
Го повикуваме Министерството за Внатрешни Работи, под итно да преземе мерки против лицата и навивачките групи кои промовираат меѓуетничка омраза и промовираат говорот на омраза, и тоа не само внатре во стадионите, туку и надвор од нив, па се до плоштадот во Скопје, како што беше случај минатата ноќ со Комитите, навивачи на Вардар!