Казни за 115 возачи за пребрзо возење

Во текот на изминатите денови (31.05, 01 и 02.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 115 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени четири возачи што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 83 возила бидејќи 43 биле нерегистрирани и 40 возила биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 11 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 19 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 159 мандатни платни налози и 85 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

 

Треба да знаете
Последни објави