Русија побара од судот во Хаг да ја отфрли тужбата на Украина за меѓународните конвенции

Украинската тужба против Русија за меѓународните конвенции треба да биде отфрлена, изјави рускиот претставник на претресот во Хаг, пренесува „Спутник“.

Станува збор за обвиненијата на Киев за нарушување на конвенциите за сузбивање на финансирањето на тероризмот и за укинување на расната дискриминација.

Како што истакна рускиот дипломат, тужбата не спаѓа во надлежноста на Меѓународниот суд на правдата. Според него, во 2017 година судот веќе ги разгледуваше аргументите на украинската страна и ги отфрли како неосновани. Подоцна, Киев не успеа да понуди оправданост за својата тужба.

„Очигледно е зошто Украина се фокусира на овие две конвенции. Тие содржат одредби според кои Русија се сложува да ги решава споровите на суд, но само оние што се однесуваат на содржината на конвенциите. Украина исто така се обидува да ги искористи конвенциите како начин пред судот да се разгледаат поширок спектар прашања“, истакна тој.

Дипломатот објасни дека дел од случајот се однесува на внатрешниот воен судир што го поведоа самите украински органи на власта на истокот од земјата, а вториот е обид да се оспори повторното обединување на Крим со Русија и покрај фактот дека тоа се случи врз основа на референдум.

Судските претреси ќе се одржат во два круга: првиот денеска и утре, а вториот на 6 и 7 јуни. Прво, руската страна ќе поднесе приговори, а потоа украинските претставници ќе го изнесат својот став.

Украина ја поднесе тужбата до Меѓународниот суд на правдата во Хаг во јануари 2017 година.

Киев ја обвини Москва за поддршка на тероризмот и снабдување на Донбас со оружје, како и за дискриминација на кримските Татари и Украинци на Крим.

Киев побара воведување привремени мерки против Русија додека трае процесот. Судот усвои само половина од барањето: се сложи со аргументите за конвенцијата за дискриминација.

Руското МНР соопшто дека начелно го негира постоењето спор меѓу двете земји за наведените конвенции и има намера тој факт да го поткрепи, со тоа што Украина злонамерно се обидува да ги искористи своите механизми за решавање на споровите за постигнување политички цели.

 

Треба да знаете
Последни објави