Заев во Брисел на средби со Јункер, Хан и Могерини

Премиерот Зоран Заев ќе престојува во дводневна посета на Брисел каде што ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, еврокомесарот Јоханес Хан и со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Заев со Јункер ќе разговара за последниот извештај на Европската Комисија за земјава, во кој се препорачува отворање на преговорите за членство во ЕУ. Тие ќе разговараат и за претстојната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ, кои треба да ја донесат конечната одлука за стартот на преговорите.

Заев ќе учествува на конференција организирана од Европската банка за реконструкција и развој, ЕБРД, посветена на реформите и европската интеграција, заедно со министерот Кочо Анѓушев. Во владината делегација е и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, како и министрите за одбрана, Радмила Шеќеринска, за надворешни работи Никола Димитров и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Треба да знаете
Последни објави