Ведер: Во ЈИЕ во јуни пониски температури од просечните

Во Југоисточна Европа во јуни се очекуваат пониски температури од просечните, додека во северозападна Европа повисоки, соопшти денеска компанијата „Ведер”.

Во јуни, во Велика Британија, јужна Скандинавија, Германија, во Пиринејскиот полуостров, во Франција и на Алпите се очекуваат повисоки температури од просечните, додека во Југоисточна Европа се очекуваат пониски.

Во јули и август претежно во сите делови на Европа се очекуваат повисоки температури од просечните, освен во Британија, Пиринејскиот полуостров, Франција и Алпите, соопшти „Ведер”

Треба да знаете
Последни објави