(Видео) Томовски за ивештајот на ЕК: Владата нема напредок кај животната средина

Европската Комисија во нејзиниот извештај нотира дека владата нема никаков напредок на полето на животната средина, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Тој рече дека согласно извештајот се покажало оти државата нема административен капацитет на централно и локално ниво да се справи со овој проблем.

„Од Европската Комисија се нагласува дека нема напредок во однос на донесување на клучните закони кои треба да ја имаат контролата врз животната средина а тоа се инспекцијата и Директивите за одговорност во животната средина, како и Директивата за еколошки криминал“, рече Томовски.

Тој цитира дел од извештајот во кој се наведува дека потребно е да се спроведат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот со обезбедување на ефикасна координација помеѓу централните и локалните власти, и обезбедување на доволни финансиски средства. Исто така, како што посочи Томовски, во извештајот се наведува дека во големите градови нивоата на загадување на воздухот се високи.

Тој додаде дека Скопје две години по ред е на врвот на листата најзагадени градови во светот, граѓаните во текот на зимскиот период се гушат, а болниците се преполни.

Треба да знаете
Последни објави