(Видео) Фронтменот на „Џудас прист“ го турна мобилниот од рацете на обожавател

Фронтменот на хевиметал-бендот „Џудас прист“, Роб Халфорд, очигледно не е љубител на снимање концерти со мобилни телефони, што може да се заклучи според видеото на кое се гледа како среде свирка го турка мобилниот телефон од рацете на обожавател пред сцената.

По сè изгледа, гледањето свирки на екраните на мобилните телефони им оди на нерви и на изведувачите на сцената.

На интернет се појави видеото на кое се гледа како фронтменот на „Џудас прист“, Роб Халфорд, турка мобилен телефон од рацете на обожавател за време на изведбата на песната Judas Rising на концерт во Розмонт, САД.

Ова, сепак, не го спречи преостанатиот дел од публиката да продолжи да снима, но нивните телефони останаа неповредени до крајот на концертот.

Треба да знаете
Последни објави