Граѓаните на Грција во голем процент не излегоа на локалните избори во вториот круг, што се одржа завчера, така што во некои општини процентот на лица кои апстинираа достигна до 70 отсто, додека во многу региони гласаше еден од тројца граѓани, јави новинската агенција АНА-МПА.
Кога станува збор за изборите за регионалните гувернери, неизлезноста во регионот на Атика достигна 58,74 отсто, додека во првиот круг таа изнесуваше 41,14 отсто.
Најголема неизлезност е забележана во регионот на северен Егеј, со приближно 65,55 проценти.
Исто така, само 33,33 отсто од граѓаните на Атина излегоа на гласање за новиот градоначалник, додека неизлезноста на изборите за градоначалник на Солун беше 62,61 отсто.
Најмала неизлезност е забележана на изборите за градоначалник на Патрас, каде што 49,68 отсто од граѓаните гласаа.
Процентот на неизлезност во општината Пиреј исто така беше висок, 65,77 отсто.
Опозициската Нова демократија, и покрај слабиот одѕив, убедливо победи во однос на владејачката СИРИЗА со разлика од речиси десет проценти од гласовите.
По поразот на локалните и европските избори во Грција, премиерот Алексис Ципрас одлучи да оди на предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јули.