Државната секретарка на МВР Несторовска учествуваше на 19-тиот состанок на Советот на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа

Денеска  (04.06.2019) државната секретарка на МВР на Република Северна Македонија, Магдалена Несторовска во улога на постојан член на Советот учествуваше на 19-тиот состанок на Советот на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа-SELEK, кој се одржа во Букурешт, Романија.
На состанокот беше усвоен годишниот извештај за работата и активностите на SELEK во 2018 година, беше презентиран ревизорскиот извештај за финансиското работење и резултатите од реализацијата на проектите кои ги спроведува SELEK. Исто така, едногласно беше усвоен предлог буџетот на SELEK за 2020 година.
Советот го  усвои и предлогот на државната секретарка, Магдалена Несторовска да се зголеми видливоста на постигнатите резултaти на SELEK во сферата на борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција, преку одржување на конференција на SELEK во Скопје.
На 19 -тиот  состанок на SELEK, беше прифатенпредлогот  Велика Британија, да се стекне со статус на оперативен партнер на SELEK.
Треба да знаете
Последни објави