Ел Чека најави нови бомби и напиша дека Заев може да ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници доколку нешто им се случи на неговите луѓе во затвор

Ел Чека најави нови бомби и на Фејсбук, се обрати до премиерот Заев. Ел Чека напиша дека Заев може да ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници доколку нешто им се случи на неговите луѓе во затвор.

браќа Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи имаат повеќе од било кога потреба за нашите молитви, бидејќи само што добив информации директно од еден вработен од високото Обвинителство во Скопје, кој има албански чувствa, дека тројцата браќа треба да бидат внимателни повеќе од кога било во затворот каде што ја издржуваат казната, пишува на Фејсбук кичевецот А.Ш., кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој објавува „бомби“ за функционери на ДУИ.

-Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! Објавувањето на прислушувањата ќе се прави во утринските часови, бидејќи денес имавме многу пречки! #семолимезанив, додава Ел Чека.

Во до сега објавените „бомби„ најмногу се слуша претседателот на ДУИ Али Ахмети и функционерот на оваа партија Блерим Беџети.

Шеќерим Ахмети, или познат како Ел Чека кој е роден во Кичево, во моментов живее во Чикаго, а последниве денови објави десетици прислушувани телефонски разговори на социјалните мрежи. Во неговото последно видео обраќање преку Фејсбук изјави дека ќе ги објави сите бомби кои ги поседува, се додека не се расчисти случајот со Диво Насеље.

Треба да знаете
Последни објави