Европската Комисија ја поздрави посветеноста на Романија да се откаже од спорните реформи во правосудството поради коишто доби жестоки критики и закани со казни од Брисел.
Романската премиерка, Вијорика Данчила денеска во Брисел разговараше со претседателот и потпретседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер и Франс Тиметманс, кои ја поздравија посветеноста на Рпманија, се наведува во соопштението од Кимисијата.
„Двајцата го пофалија европскиот пристап на премиерката и одличната работа на романската влада која од 1 јануари претседава со ЕУ“, се додава во соопштението.
ЕУ и романската опозиција се спротивставија на спорните реформи за кои сметаа дека ја загрозуваат независноста на судството и борбата против корупцијата.
Данчила минатата недела се откажа од реформите кои подразбираа ублажување на кривичниот законик.