Мицковски со честитка за Рамзан Бајрам

Почитувани верници од исламска вероисповед, Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Денешниот празничен ден  претставува радост, но воедно  промовира моменти на хуманост, солидарност и меѓусебно почитување. Овие вредности кои се втемелени во традицијата треба да помогнат во градење и зацврстување на соживотот и толеранцијата како основа за благосостојбата во нашето општество. Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, да ги решаваме проблемите и да  изградиме успешна држава  и просперитетна  иднина за нас и нашите идни генерации.

Сите граѓани го споделуваат тешкиот живот. Сведоци сме како се разочарани очекувањата на луѓето, како наместо вистински проекти и решенија добиваат нереален романтизам кој не носи подобар живот. Тие се злоупотребуваат од неодговорните политичари и не носат иднина. Иако од различни заедници и вери граѓаните имаат исти проблеми, а за нивно решавање не е е потребен романтизам туку работа, многу работа. Секојдневието полно со криминал, корупција и лош стандард еднакво ги засега сите граѓани. Затоа во овие тешки моменти и премрежија со кои се соочува Република Македонија потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи со блиските и пријателите, за да можеме да се посветиме на создавање праведна, напредна и  почитувана држава на среќни граѓани. Нека  овие празнични мигови во денешниот ден донесат мир, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба  кои ќе ве следат целиот живот,  Вас и вашите семејства.

 

Треба да знаете
Последни објави