Австралија под снег

Снежно невреме ја погоди источна Австралија зафаќајќи го и суптропскиот регион на Квинсленд. Бирото за метеорологија соопшти дека станува збор за редок феномен, истакнувајќи дека државата не регистрирала снежни врнежи од 2015 година. Предупредување за невреме е издадено и во Сиднеј. Луѓето се повикуваат да останат во домовите заради обилните врнежи и силните ветрови. Зимата во Австралија почнува во јуни, а изминатото лето беше едно од најтоплите откако се води евиденција за просечните температури.

Треба да знаете
Последни објави