Заев им вети половина милион евра на ракометаритена Вардар

Премиерот Зоран Заев денес ги прими ракометарите на Вардар. Приемот следеше по синоќечниот пречек на прваците на Европа на Скопскиотплоштад. На средбата Заев рече дека ќе и предложи на Владата да му додели на клубот 500.000 евра како награда за постигнатиот успех. Агенцијата за млади и спорт ќе додели плус 100.000 евра, а 100.000 евра ќе додели и Град Скопје.

-Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт. И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму. Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции. Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Честитки Вардаре!, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави