Кисела Вода со честитка за Рамазан Бајрам

Општина Кисела Вода на сите верници со исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

На овој празничен ден побогатите верници им помагаат на сиромашните, ги посетуваат роднините, пријателите и соседите. Со честитките и посетите на пријателите муслимани празникот ги спојува и припадниците на различните религии.

На сите верници им посакуваме убави празнични денови исполнети со многу радост.

Честит Рамазан Бајрам!

Треба да знаете
Последни објави