Презентација на програмата на Катедрата за балетска педагогија современ танц

Катедрата за балетска педагогија современ танц од Факултетот за музичка уметност при УКИМ вечер од 20 часот на малата сцена на Националната опера и балет ќе ја презентира својата програма со прикажување нови дела и тенденции на современата танцова сцена кај нас.

На 70-минутната презентација ќе бидат претставени кореографии од студентите по предметот Композиција на современ танц.

– Со прикажувањето на новите современи танцови дела се отвора нов аспект на оваа студиска програма каде студентите се насочени кон идејни креации и изведба на новите дела, изјави нивниот ментор –  вонр. проф. д-р. Искра Шукарова.

Катедрата за балетска педагогија современ танц на ФМУ постои од 2010 година и има реализирано голем број концерти во класичниот и современиот отсек.

Треба да знаете
Последни објави