Тешко повреден моторциклист во Куманово

На 03.06.2019 година во 10,55 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна незгода помеѓу  патничко моторно возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(39) од Куманово, и мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ј.Т.(57) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави