Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“

Во Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, посветена на славењето на поетското творештво на домашните и странските поети.

Годинашни добитници на престижното признание „Книжевeн жезол“ се Радован П. Цветковски и албанскиот поет Ариан Лека. Врачувањето на жезолот е закажано за 11 часот во Друштвото на писатели на Македонија. На свеченоста за творештвото на Цветковски ќе говори Милица Димитријовска-Радевска, а за Лека реч ќе одржи акад. Луан Старова. Манифестацијата ќе продолжи во 12 часот на платото пред црквата Св. Спас (Пивница „Стар град“) со поетско читање на 30-ина поети.

Треба да знаете
Последни објави