Општина Кисела Вода дел од завршната приредба на дечињата од најголемите групи на градинката “Весели Цветови”

Голема е честа што вчера ја имаше Општина Кисела Вода да биде дел од завршната приредба на дечињата од најголемите групи во објектите на градинката “Весели Цветови”. Во Македонската Опера и Балет, тие преку песна и игра официјално се збогуваа со градинката за да станат ученици. Пред публиката која ја исполни салата до последното место, дечињата испратија порака за важноста на чистата природа и околина во која сите живееме. Децата со себе го понесуваат сето знаење што го стекнаа во градинката и подготвени го очекуваат училишното ѕвонче во септември.

Општина Кисела Вода изразува задоволство што, ако минатата година од оваа градинка во училиште испрати 225 ученици, годинава нивниот број е значитело поголем, односно во училишните клупи ќе седнат 265 дечиња на возраст помеѓу 5 и 6 години. Како локална самоуправа, до сите нив и до нивните родители сакаме да упатиме честитки и порака дека нашите заложби за обезбедување добри услови за одвивање на наставата во сите училишта во Општина Кисела Вода ќе продолжат.

Треба да знаете
Последни објави