Пратеникот Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ да поднесе оставка, не е достоен за функцијата, ја лаже јавноста, шири говор на омраза и симбол е за непотизмот
Иако лажната вест на Стевананџија беше екпресно демантирана, тој не собра храброст да им се извини на граѓаните. Стевананџија треба да си подесе оставка затоа што ги лаже граѓаните и не е достоен за функцијата што ја извршува. Освен за лаги и ширење лажни вести, Стевананџија е постојано шири и говор на омраза а остана и симбол за непотизам. За потесетување, пратеникот се уште молчи за неговата одговорност за вработувањата на неговата сопруга, сестра, вујко и тетка.
Пратениците треба да им служат на граѓаните а не да ги лажат. Пратениците треба да ги штитат граѓаните од говор на омраза а не да предизвикуваат говор на омраза.
Стеванаџија не е достоен да биде на функцијата пратеник и треба да си поднесе оставка.



