Снимка од амбулантно возило го згрози светот: Медицински работник удира пациент кој е без свест по глава
На социјалните мрежи се појави видео од Романија на кое се следа медицински работик како со слама по главата удира човек кој е без свест, додека се слуша сирена од возилото во кое се возат накај болница.
Човекот е со маска за кислород, медицинскиот работник неколку пати го удира по глава со слама, а во еден момент вели:
„Сакаш слама, еве ти ја по глава„ Пијаницо!“
Откако снимката се раши на интернет, покрената е и истрага за работникот, а реагирала и министерката за внатрешни работи.
„Бев огорчена од снимката која покажува како се однесуват членови на итната помош и го исмејува пациентот. Неговата постапка може да фрли дамка над целата институција.“ рекла министерката.