Баша:Објавените бомби радиографија на мафијашката и нелегална власт на Еди Рама

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, коментирајќи ги објавените прислушувани разговори за тоа „како се купуваат гласови во Албанија”, оценува дека тоа е „радиографија на мафијашката и нелегална власт на Еди Рама”.

Баша на Фејсбук напиша дека овие разговори ја покажуваат моќта на организираниот криминал во земјата.

-Објавените прслушувани разговори од страна на престижниот весник „Билд” денеска шокираа многу Албанци и многу странски пријатели,кои го отфрлија секое сомневања дека за да ја зачува гнилата власт од корупцијата,Еди Рама склучил договор со криминалот, купувал гласови преку меѓународни банди и трговци со луѓе и дрога. Шесте „бомби” објавени од страна на германскиот медиум како дел од досијето 339/1 се радиографија на мафијашката и нелегална власт на Еди Рама,напиша Баша.

Тој констатира дека објавените разговори укажуваат на политичката историја на Еди Рама: тој дојде на власт од криминал и ја одржува власта со криминалот и за криминалот.

Додава дека повеќе од кога и да е, на земјата и треба политичко решение, кое „поминува преку заминувањето на нелегалниот премиер Еди Рама и создавањето на преодна влада која ќе гарантира слободни и фер избори”.

Германскот веснк „Билд” во денешното издание во написот под наслов „Како мафијата манипулира со изборите во Албанија”, пренесува снимки од разговори направени од албанските истражни органи, каде се слуша кои мафијашки кланови купувале гласови за партијата на премиерот Еди Рама на последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави