Беверли Хилс речиси целосно забрани продажба на цигари

Беверли Хилс стана првиот американски град што одлучи речиси целосно да ја забрани продажбата на тутунски производи.

Градското собрание денеска едногласно гласаше за забрана на продажба на цигари, пури и други производи од тутун, почнувајќи од 2021 година.

Забраната се однесува на продажба на бензиски пумпи, во аптеки, драгстори и супермаркети, а не се однесува на хотели и три салони за пушење во тоа богато и гламурозно предградие на Лос Анџелес.

Исклучокот за хотели е донесен за да се прилагоди кон туристите.

Треба да знаете
Последни објави