Велосипедист од Градско тешко повреден на Водно

На 04.06.2019  во 10.30 часот на локалниот пат град Скопје-Милениумски крст Водно, во близина на детското одморалиште, А.С.(26) од село Виничани, Градско, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Тој добил тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави