(Видео) Наставник во Гана танцува со децата за полесно да научат

Наставникот Саки Перси од Гана стана популарен на социјалните мрежи откако објави снимка на која игра со учениците. Тој вели дека сака да го направи учењето позабавно за децата и тие полесно да ги совладаат предметите. Проблем, според него, е тоа што децата воопшто не разговараат со наставниците и им недостига комуникација, поради што одлучил да проба нов метод.

„Се одлучив на танц за да има повеќе интеракција меѓу наставникот и децата, а исто така правам училиштето да биде попривлечно за децата за да не ја пропуштаат наставата“, вели тој. И други училишта во Гана ги користат неговите снимки како наставен метод.

Перси, инаку, е пејач, текстописец и танчар, но вели дека е изненаден од популарноста на неговото видео на социјалните мрежи.

„На почетокот ми се јавуваа луѓе кои не ги ни познавав ми се јавуваа. За десетина дена снимката ја прегледаа над 10.000 луѓе, така што навистина сум изненаден”, вели Перси.

На снимката има над 600 коментари. Претходно имал 23 следачи, додека сега бројката е зголемена на околу 4.000.

Треба да знаете
Последни објави