Водач на мексиканска црква обвинет за силување и детска порнографија

Водачот на една црква со седиште во Мексико, за која се проценува дека има над од 1 милион следбеници низ целиот свет, беше уапсен во Калифорнија и обвинет за злосторства, вклучително и трговија со луѓе, производство на детска порнографија и силување на малолетници.

Водачот на „Ла Луз дел Мундо“ (Светлината на светот), 50-годишниот Наасон Хоакин Гарсија, беше обвинет во вторникот, откако беше уапсен на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес еден ден претходно, објавија обвинителите.

Црквата ги отфрли обвинувањата како неосновани.

„Апостолот на Исус Христос, брат Наасон Јоакин Гарсија, отсекогаш се однесувал во согласност со законот и со почит кон институциите и достоинството на народот“, се вели во соопштението на црквата, објавено на нејзината веб-страница.

Судското документи покажуваат дека Гарсија бил познат како „апостолот“, а децата им велел дека му се спротивставуваат на Бог ако се непокорни.

Во жалбата се наведува дека тројца малолетници и една возрасна жена биле злоупотребени, а едно дете и жена силувани. Другите биле принудени да вршат сексуални дејства и да изведуваат „непристојни“ танци за Гарсија облечени што е можно пооскудно.

„Вакви злосторства немаат место во нашето општество. Точка“, рече обвинителот за Калифорнија, Хавиер Бекера, во вторникот. „Не смееме да ги игнорираме сексуалното насилство и трговијата со луѓе во нашата држава“.

Црквата рече дека категорично ги отфрла обвиненијата против Гарсија, тврдејќи дека истите се лажни

Треба да знаете
Последни објави