Дванаесетгодишно момче во САД почина од глад, неговиот татко го врзувал со синџир

Едуардо Посо требал да живее на Флорида со својата сестра, татко и маќеа и да оди на училиште. Но, наместо тоа, 12-годишното момче заврши во болница со знаци на долготрајно малтретирање, занемарување и глад. На 24 мај е прогласено дека е мртов, според „Си-ен-ен“.

Неговиот татко, Луис Посо (32) и маќеата Дајана Медина-Флорес (25) беа уапсени и обвинети за злоупотреба, занемарување и убиство на малолетник. Според локалните официјални лица, двојката долго време го изгладнувала Едуардо за време на нивниот престој во мотел во Блумингтон, Индијана.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2250809281623076&set=a.207918275912197&type=3

По обдукцијата беше откриено дека Едуардо починал од глад и злоупотреба. Тој имаше модринки, рани и исекотини на телото. Според полициските докази, се чини дека во последните недели од животот тој бил затворен во бањата на мотелот, врзан со синџир за држачот за пешкири и со кучешки ѓердан околу вратот. Станува збор за ѓердан за тренирање на животни што можеше да предизвика благи електрични шокови.

Треба да знаете
Последни објави