Казни и судски процес за 1.000 родители кој не сакаат да ги вакцинираат децата

Родителите ќе бидат повикани од инспекторатот, по што тие ќе имаат рок околу една недела да платат половина од казната, а во спротивно ќе завршат на суд.

Плаќањето на казната не ги амнестира родителите од обврската да ги вакцинираат децата и истата се однесува само за една непримена вакцина.

Лани во април лани инспекторатот имаше податоци за 35  родители, а во 2017 година за 117 родители кои не сакале да ги вакцинираат своите деца. Годинава оваа бројка е повеќе од 1.000 родители.

Институтот за јавно здравје минатата недела излезе со податок дека епидемијата не стивнува и дека досега од мали сипаници заболеле повеќе од 1.700 лица.

Треба да знаете
Последни објави