Колумбиски министер: Богота е против воено мешање во Венецуела

Богота не подржава воена вмешаност во Венецуела, изјави министерот за надворешни работи на Колумбија, Карлос Олмес Трухиљо, коментирајќи ја подговтеноста на им ја отстапи својата територија на САД во случај американската страна да одлучи да почне воена операциа во Венецуела, пренесува „Спутник“.

„Колумбија ги поддружва само политичките и дипломатските мерки. Колумбија не поддржува ни примена на сила, ниту воено мешање- само политички и дипломатски мерки“, рече Трухиљо.

Тој исто така нагласи дека не се планирани нови испораки на хуманитарна помош од Колумбија за Венецуела.

„Не, не се планирани никакви нови испораки на хуманитарнаш слична на претходната. Но, се разбира, Колумбија ја промовира употребата на соодветни канали за испорака на помош,“ истакна министерот.

Коментирајќи ги настаните од 23 февруари, Трухиљо рече дека определени земји издвоиле средства за хуманитарна помош, а Колумбија се обврзала дека ќе ја собере и ќе ја чува таа помош.

„Само тоа го направивме, ништо повеќе. Нашата обврска беше да им ја врачиме помошта на оние што можеа да влезат на територијата на Венецуела. Најголемиот дел од таа хуманитарна помош се уште е воКолумбија“, посочи тој.

Покрај тоа,, министерот нагласи дека ако ситуацијата во Венецуела стане катастрофална, бројот на венецуелски бегалци во Колумбиа би можел да достигне 3,5 милиони.

„Колумбија досега прими 1,3 милиона Венецуелци. Овој број има тенденција да се зголеми бидејќи ситуацијата во Венецуела секојдневно се влошува. Според актуелното сценарио, ако ситуацијата во Венецуела се влоши, тој број би можел да достигне до 1, 8 милиони и тоа само во Колумбија. Ако во Венецуела дојде до катастрофа, во Колумбија ќе стигнат 3,5 милиони Венецуелци“, заклучи тој.

Треба да знаете
Последни објави