Кривични за стружанец и гостиварчанец за поседување марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава  против Р.Ш.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2018 година во Струга полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Е.Н.(19) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстани и прекурзори “. На 27.09.2017 година во село Долна Бањица полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Треба да знаете
Последни објави