Мајката на Пино не доби одговор зошто го убиле нејзиниот син

Маја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо денеска беше повикана на распит во скопското обвинителство.

По два часа во обвинителството таа го прекинала разговорот бидејќи и било тешко да зборува за убиството, па ќе продолжи накнадно. Во изјава за медиумите за можниот мотив таа рече дека не ја знае точната причина, но дека веројатно станува збор за љубомора.

-Уште не разговаравме за мотивот, љубомора, не би знаела друго зошто, рече Трпковска.

Таа додаде дека полицајците од Одделот за исчезнати лица ги треба да бидат избркани од работа оти ништо не сработиле, а Ангела шест месеци безгрижно си живеела.

Таа се надева дека убијците ќе добијат доживотен затвор.

 

 

Треба да знаете
Последни објави