Москва ги повика „покровителите“ на Приштина да ги вразумат раководството на косовските Албанци, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пренесува ТАСС.
„Мора да се констатира дека Косово останува главен извор на нестабилноста и потенцијал за судир во регионот. Оваа територија е практично неконтролирана. Таа не е само извор за нестабилност туку е и потенцијално опасна, неконтролирана територија во центарот на Европа.
Се надеваме дека „покровителите“ на Приштина, кои на Балканот не се водат од интересите за земјите и народите што живеат таму, туку од сопствените интереси, уќе го искористат своето влијание за да го вразумат косовско-албанското раководство зашто, во спротивном последиците би можеле да бидат непредвидливи“, истакна Захарова на брифингот.
Таа додаде дека апсењето и претепувањето на руски државјанин, службеник на ОН со дипломатски имунитет, сведочи за атмосферата на целосна неказнивост во земјата, на апсолутно непочитување на меѓународното право и нормите на цивилизираната меѓународна комуникација.
„Русија ќе продолжи внимателно да го следи напредокот на истрагата за инцидентот и ќе инсистира на казнување на извршителите низ целиот команден сиџир,“ рече таа.