Моторџија излетал од патот кај Старо Нагоричане

Моторџија бил тешко повреден вчера на локалниот пат с.Клечовце-с.Стрезовце, информираше МВР.

Сообраќајната несреќа се случила околу 17.30 часот  на место викано „Калиште“, општина Старо Нагоричане. Тогаш мопед „Јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.К.(30) од Куманово, излетал од патот. Моторџијата со тешки повреди по укажаната лекарска помош во болницата во Куманово бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави