Десетици илјади Чеси протестираа со барање оставка од премиерот Андреј Бабиш кој е обвинет за злоупотреба на функцијата. Организаторите на протестот тврдат дека ова биле најголемите демонстрации од падот на комунизмот за време на Сомотната револуција во 1989 година.
Според нив, на протестите учествувале околу 120.000 граѓани кои се собрaа на централниот плоштад во Прага.
Протестите против Бабиш се одржуваат од крајот на април и од тогаш станаа се помасовни, а почнаа откако чешката полиција ја заврши истрагата за тоа дали тој примил субвенција од два милиони евра од ЕУ за фарма и конгресен центар и препорача дека треба да му се суди.Учесниците во протестите стравуваат дека неодамна именуваната министерка за правда Марија Бенешова би можела да е вмешана во случајот.
Бабиш е втор најбогат Чех, чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари.Тој се поврзува со злоупотреба на над 2 милиона долари субвенции од Европската Унија ова го отфрла, наведувајќи дека станува збор за „политички процес“.