Џорџ Мајкл не им остави ништо на партнерите, наследството од 98 милиони фунти конечно е поделено

Музичката легенда Џорџ Мајкл ништо не им остави на своите поранешни партнери, а најголем дел од богатството од 98 милиони фунти, како што е веќе познато, им го остави на неговите сестри, татко му и пријателите.

Врз основа на судската документација, која е издадена на 30 мај, имотот на пејачот конечно може да се подели, и тоа две годни по неговата смрт.

Седум пријатели и роднини, вклучувајќи и членови на некогашната група Wham, пејачката Ширли Кемп и продуцентот Дејвид Остин, се меѓу наследниците на богатството, додека поранешните партнери на Џорџ Мајкл, Кени Гос и Фади Фаваз, нема да добијат ништо.

Џорџ Мајкл и американскиот бизнисмен Кени почнаа врска во 1996 година, која траеше до 2011 година. Пред смртта на пејачот, тие се смирија.

Во 2012 година пејачот почна врска со фризерот Фади, кој го пронајде Џорџ Мајкл мртов.

Фади сè уште живее во куќата на Мајкл во Риџент парк во Лондон и одбива да се исели.

Треба да знаете
Последни објави