Австралиската полиција упадна во јавниот сервис, претресени новинари

Полиција упадна во седиштето на Австралискиот јавен сервис поради текстови за наводно недолично однесување на австралиските сили во Авганистан.

Службениците дошле во јавниот сервис Еј-Би-Си со налози за претресување двајца новинари и уредник на вести.

Истрагата е покрената поради серија истражувачки текстови од 2017 година, познати како Авганистански досиеја, во кои се „откриени тврдења за нелегално убивање и недолично однесување на австралиските специјални сили во Авганистан”.

Треба да знаете
Последни објави