Зголемен бројот на туристи поради мини ТВ-серијата за Чернобил

Успехот на американската телевизиска мини-серија за најголемата нуклеарна катастрофа во светот во Чернобил предизвика зголемување на бројот на туристи кои сакаат да ја посетат електраната и „градот на духови” во близина.

Туристичка агенција во Чернобил регистрирала 40 отсто зголемување на резервациите, од почетокот на емитувањето на серијата во продукција на Ејџ-Би-О во мај.

Прошетка низ Чернобил, со водич на англиски јазик, чини околу 100 долари по човек.
Во април оваа година се навршија 33 години од катастрофата во Чернобил.

Треба да знаете
Последни објави