(Видео) Андре Риу ја наполни „Борис Трајковски“

Светската музичка ѕвезда, холандскиот виолинист Андре Риу, познат како “крал на валцерот“, вечерва за првпат настапува во Скопје. ВИП-Арената „Борис Трајковски“ е исполнета до последно место, а посетителите се во одлично расположение.

Tимот на Риу освен 50-тина луѓе за техничка поддршка, го сочинуваат и осумдесетина музичари, меѓу кои 60 члениот оркестар и гости на концертот.

Репертоарот се движи од романтични, емотивни балади до најубави и најпрославени валцери“, стои во најавата за концертот.

Треба да знаете
Последни објави