ЕУ на 20 јуни ќе одлучува за продолжување на санкциите против Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) ќе донесат политичка одлука за проширување на економските санкции против Русија на самитот на ЕУ на 20-ти јуни, изјави за ТАСС извор од ЕУ во Брисел.

„Очекуваме Меркел и Макрон уште еднаш да ги информираат лидерите на ЕУ дали има напредок во спроведувањето на договорите од Минск. А бидејќи немаше значителни промени, тие најверојатно ќе препорачаат проширување на санкциите за уште шест месеци, а самитот ќњ донесе политичка одлука за ова”, рече изворот.

Според него, техничките чекори ќе следат по политичка одлука.

„Советот на Европската унија се очекува да донесе формална одлука за околу една недела по самитот, која ќе стапи во сила по објавувањето во Службениот весник на ЕУ”, рече изворот.

ЕУ претходно наметна неколку пакети санкции за Москва, кои вклучуваат економски санкции, индивидуални ограничувања и санкции поврзани со Крим.

Пакетот економски санкции истекува на 31 јули 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави