Заспаниот титан на Далечниот Исток од Русија наскоро може да се разбуди. Научниците предупредуваат дека долго неактивниот вулкан Болшаја Удина покажува нови знаци на активност, а ерупција би можела да предизвика катастрофа во Русија и пошироко, пренесува РТ.
Иако е неактивен со децении, вулканот Болшаја Удина се враќа во живот, според неодамнешните истражувања, предизвикувајќи загриженост за потенцијално уништувачката природна катастрофа.
„Кога вулканот молчи долго време, неговата прва експлозија може да биде катастрофална”, изјави Иван Кулаков, шеф на лабораторијата за сеизмичка томографска на Рускиот институт за геологија и геофизика на нафта, во статија за Руската академија на науките.
„Вулканот исфрла големо количество пепел која се разнесува далеку, и нема да страдаат само околните населби, туку и големи територии на целата планета. Сетете се на Помпеја. Античката римска населба била избришана од картата со ерупција на Везув, кој бил заспан илјадници години претходно. Градот бил затрупан во повеќе од 10 метри пепел и се смета дека повеќето од нејзините жители биле убиени во катастрофата.
Кулаков ја предводеше студијата во 2017 година за мерење на она што тој го нарече сеизмички немири околу Болшаја Удина; наодите на неговиот тим доведоа до рекласификација на вулканот од „исчезнат” до „активен” истата година.
Иако истражувачите предупредуваат за огромниот деструктивен потенцијал на вулканот, можеби е премногу рано да се започне со подготовка за апокалипсата.
„ Невозможно е да се предвиди дали ќе дојде до ерупција,“ рече Кулаков, но додаде дека „несомнено, сега треба внимателно да ја следиме Удина”.
Болшаја Удина го сочинува половина од вулканскиот масив Удина, кој исто така ја вклучува и Малаја Удина. Таа е на надморска височина од 9.500 стапки на рускиот полуостров Камчатка.



