Мараја Кери со картички од вработените ги плаќала своите операции, потрошила 27.000 евра

Пејачката Мараја Кери (49) повторно е во центар на скандал. Како што пишува „Дејли мејл”, Мараја ја користела кредитната картичка на својата асистентка за да ги плати и сокрие пластичните операции и честото пазарување.

Но, на Мараја не ѝ била доволна една личност да купува за неа, туку ги имало повеќе.

„Сите нејзини вработени, вклучувајќи ги чуварите и дадилките, мора да земат нешто за неа на сопствени картички за да потоа таа им ги врати парите. Дури и за работи како детски Мекдоналдс. Никогаш однапред не им даваше пари за трошоци“, рече член на тимот на пејачката за странските медиуми.

Странските медиуми дојдоа до документ во кој се наведува колку Марија потрошила за пластични операции, за кои тврдеше дека никогаш нема да го направи. За филери во задникот таа потрошила 8.800 евра, за ласерскиот третман на масното ткиво 4.000 евра, за ултразвучен лифтинг на вратот и подбрадокот 7.000 евра, а третманот на бутовите околу 8.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави