Москва е подготвена да одговори реципрочно ако ЕУ почне да ги укинува санкциите, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со лидерите на водечките светски медиуми на Економскиот форум во Санкт Петербург.
„Ако тоа се случи, ние секако дека ќе го поздравиме тоа. Ќе преземеме чекори да се сретнеме на половина пат“ рекол Путин, пренесе ТАС С.
„Тоа посебно се однесува на укинувањето на рестрикциите кои Русија беше приморана да ги наметне како одговор на санкциите на ЕУ“ додал Путин.
Тој рекол дека ЕУ неодамна одлучила да ги продолжи санкциите на Русија за уште една година и дека ништо не се променило од тогаш.
„Изборите дојдоа и пројдоа, но ништоне се менува што се однесува на вистинската политика“ смета Путин. Тој порачал дека Москва ја следи ситуацијата во надеж дека нешто ќе се промени.



